Се работи за едно сегрегирано машко училиште во Бетнал Грин, Лондон, чии ученици "не се доволно подготвени за живот во модерна Британија".
Тоа го заклучиле надлежните од Офстед, тамошната институција за образовни стандарди по ненајавената визита на школото и проверка на нивото на знаење и условите за учење.
Не само што не знаеле дека премиерка на Британија е Тереза Меј туку не успевале ни да погодат која е жената кога им покажувале фотографии од Хилари КЛинтон.
Тестирањата покажале дека машките ученици во ова школо се особено неинформирани за положбата и правата на жените за кои учеле само во склоп на темите мајчинство и семејство.
Згора на тоа школото имало поставено камери дури и во тоалетите, а на учениците им нудело несоодветна и анахрона литература со правила „како жените треба да се однесуваат„.
Образовните инспектори донеле решение по кое ова школо е "несоодветно" за образование на деца во Велика Британија.