Ретро

Училишни фотографии на познатите писатели

Школските клупи само што се наполнија, се одржуваат првите родителски состаноци, а децата полека сфаќаат дека целата работа со нивното образование ќе потрае, и тоа со години. Но низ тоа мачење морале да поминат и големи книжевни умови. Еве избор од нивните школски фотки.

(горе) Фотографија од годишниот алманах на Селинџер, од воената Академија во Вели Форџ, 1936.

Ернест Хемингвеј на 6-годишна возраст, со сестрите Урсула и Марселин на нивниот прв ден во основно, 1905.

Силвија Плат на матурско табло, 1950.

Слика со непознат датум од средношколскиот алманах на Томас Пинчон.

Ален Гинзберг во средното училиште во Њуј Џерси, 1942 година.

Борхес и неговата сестра Нора, како средношколци во Женева, Швајцарија, 1914-1918.

Слика на Џек Керуак од годишниот алманах.

Стивен Кинг во основно.

Средношколска фотографија на Курт Вонегат.

Пети Смит, средношколски алманах од 1964.

Семјуел Бекет (втор од лево) со училишниот крикет тим во 1920.

11 септември 2012 - 21:35