Насловов звучи како пародија на научно-фантастичен наратив. Но за оние што го следат брзопотезниот развој во областа на вештачката интелигенција ова е сосема логичен след на настаните. Додуша, само почеток. Сега луѓето ја тужат ВИ. Следно - машините ги тужат луѓето што се обидуваат да им украдат идеи, кои некогаш биле човечки?
„Немој да станеш писателка. А ако станеш, не се мажи со друг писател“ - бил советот до авторката на новоизлезена историја на книжевните бракови од нејзиниот професор по книжевност. Таа го послушала, се омажила за архитект, а пишувајќи ја оваа книга сфатила на што мислел.
„Следниот голем американски автор“ е име на шоу кое по вообичаениот натпреварувачки терк за готвачи или цвеќари се очекува да го открие она што го најавува и ветува - новиот голем американски (а со тоа и светски) автор на бестселери.
Секоја година, поради стриминг платформите, постои огромна глад за нови и нови содржини кои би можеле да се адаптираат за филм. Голема шанса за писателите - само за кои?
Секоја година победникот на престижната награда Ингеборг Бахман се бира помеѓу автори кои мораат да читаат свој 25-минутен текст на телевизија. Рејтинзите на гледаност се прениски, но влијанието на оваа анахрона манифестација е сепак големо.
Не знаеме за друг ваков пример на писател-добитник на Нобел кој парите од наградата сакал да ги подели со своите колеги. Кај нас некои ни пијачка не би почастиле.
Таман ќе помислите дека нема веќе нешто што не е кажано и напишано за некои од големите автори, кога ќе излезе дека имало уште сочни детали за нив. Кои покажуваат дека секој добар уметник мора да е и по малку чудак.
Акцијата се однесува на собирање пари за проектот „Слобода од тортура“ (Freedom from Torture), а она за што читателите наддаваат (и плаќаат) е да можат да именуваат лик во дело на некои од познатите писатели кои учествуваат во неа.
Украинските власти, заради големиот број сообраќајки, спроведуваат кампања, „Преземи контрола“. Главни авторитетни ликови во неа се - старите украински писатели.
Ако сте многу на компјутер (а кој не е?), знаете - тоа знае да биде тешка физичка работа. Боли врат, се кочат прсти, се фаќа половина, се мати пред очи. Некои ја сфатиле опасноста од долго седење многу пред појавата на компјутерите, и смислиле решение. Што викаат, лекот е пет пари ама кој да го применува...
Гарантиран откуп на 1000 копии. Месечен приход до пензија, или барем неколкугодишна стипендија. Потенцијална читателска публика која е 100% писмена. Да си норвешки писател, Господ да те види.
Егзотичниот турбан на Зејди Смит, наочарите со рамки од жица на Џојс, „банданата“ на Дејвид Фостер Валас - начинот на којшто е облечен некој писател често го отсликува неговото дело. Нова книга ја истражува оваа замислена или реална врска помеѓу авторите, времето во кое тие живееле, и нивниот личен стил на облекување.
Не мислиме на нешто метафорично (пример да имаш „г’з“ да пишуваш како Хантер Томпсон), ниту на нешто безобразно. Ова е вистински, и голем задник, кој полека но сигурно расте ко крофна под р’бетот на оние чија професија е пишувањето. И за ова имаме решение - пишување лежечки.
Неколку европски писатели им пишуваат отворено писмо на жителите на Островот, споделувајќи ги своите размислувања за тоа дали вреди да се остане или да се излезе од ЕУ. Во основа она што им го велат е - не си одете!
Суетни и елоквентни какви што обично се, познатите писатели знаеле да напишат отровни писма до нивни колеги, критикувајќи ги за сè и сешто. Кога пак нивните читатели доволно се описмениле, и тие почнале да им испраќаат пофални, но понекогаш и гневни писма на домашна адреса. Денес сè е на ачик.
Мислите дека ваков тип на мачење не би бил соодветен за визуелно претставување? Се лажете - еве го тука во супер-монтажа составена од куп филмови, од Бартон Финк до Заљубениот Шекспир.
Спондилоза, сколиоза, мигрена, „карпал" синдром, заседеност, вертиго од постојано гледање во трепкачкиот курзор, мамурлук и стрес. Сето ова (а сигурно и повеќе) се професионални болести, дури и на остварените писатели.
Умирале, се откажувале, мистериозно ги прекинувале - сите овие се можни причини зошто некои дела остануваат без својот крај. Но понекогаш тоа се доживува потрагично, што пак врши неверојатен притисок врз оној којшто треба да ја нахрани јавноста. А сè што сакал на почетокот било да си пишува раат.
Помеѓу различните иницијативи и акции кои се одвиваат во европските земји за поддршка на бегалците е и онаа на британските писатели, кои подготвуваат антологија есеи и раскази како одговор на анти-бегалската реторика на медиумите. Славни писатели од светот истапуваат и со свои изјави за поддршка на белгаците.
Некоја нова мода се појавува во САД последниве месеци - луѓето ги даваат нивните домови, фарми и хотели како награди на книжевни конкурси. Иако ова за сопствениците е добар начин да се ослободат од долговите, тие истовремено им даваат шанса на оние со помали примања и литературен талент да добијат дом каде би пишувале на раат.
Големите книжевни имиња влегле во легендите по пијанчењето - тие станале нераздвојни од нивните дела. Се пиело во сите епохи и веројатно уште од првиот пишан збор.
Urban Dictionary е сајт каде од 1999 се складирани над 7 милиони дефиниции на изрази од разговорниот јазик, генерирани од самите корисници. Често со сатирична, мрсна па и неточна содржина, тие знаат да бидат крајно симпатични.