Јогата велат помага и за психички и за физички „растројства", па еве неколку корисни пози за ублажување или целосно анулирање на ризиците од занимавањето со пишување.
Забелешка: Иако насловот на постерот е „Јога за писатели" тука спаѓаат и сите други пишувачки професии
Некои од понудените пози:
„Продолжена метафора"
„Заплет"
„Дупка во заплетот"
„Прегладнет уметник (или „посегнување по коцка кашкавал на книжевна промоција")
„Поет што си гледа во папокот"
„Романсиер што моли за рецензија"
„Поза: барајќи издавач"
Како локални варијации на понуденото предлагаме:
- Писател-учесник на книжевни собири и резиденции во странство (напреден курс)
- Циклус „слабо платен (сериозен) преведувач“
- Поза „мал издавач"
- Издавачи и автори со контиуирана обилна поддршка од Министерството
- Поза „жирирање за книжевна награда"
- Авторефлексивна поетска поза
- Поза „доајен“