Филантропски мотивирана одлука, или креативен начин да се ослободиш од имот кој е оптоварен со долгови и хипотека? Сопственичка на хотел и ресторан од Ловел, Мејн издала оглас во кој вели дека ќе го подари имотот на победник на конкурс за есеј на тема „Зошто би сакал/а да поседувам селски хотел". Секој од учесниците треба да плати 125 долари учество, а за жирито воопшто да заседава треба да има и минимум број на пријавени (кој во еден случај достигнал дури 7500 учесници).
Луѓето не само што се пријавуваат, туку и самите се инспирираат да го сторат истото со нивните имоти. Според некои од нив конкурсот е само начин да се одбере новиот сопственик на имотот. Така, продавањето на куќата за 150 долари (или слична симболична сума) станува не само начин да се ослободиш од долгови, туку и некому да му овозможиш да добие сопствен дом, кој инаку никогаш не би можел да си го дозволи.
Ова особено важи за оние кои продаваат фарми со животни кон кои се приврзани. Една таква во Алабама, на кои се одгледуваат кози, се продава исто така за 150 долари и краток есеј. Притоа, искуството како фармер не е клучно, бидејќи сопствениците нудат и обука на победникот, како и веќе до некаде развиено производство на сирење и сладолед. Тие пробале да ја продадат фармата и на вообичаениот начин, но сфатиле дека луѓето кои би биле најсоодветни немале доволно пари да ја купат.
Постои и проект, Write A House, кој нуди бесплатни реновирани домови на писатели, за чие учество на конкурс се потребни само 25 долари. Досега е доделена една куќа на поетеса од Детроит. Сопствениците на оваа непрофитна организација велат дека на овој начин им помагаат на креативните луѓе да имаат стабилно и инспиративно место на кое би можеле да создаваат на раат.