Таг: конкурс

Дали би спиеле во џиновска саксија?

Сајтот за изнајмување станови за туристички престој Airbnb дава 100.000 долари на секој од 100-те проекти, одбрани на конкурс за изградба на најоткаченото живеалиште. Meѓу нив има станови сместени во нуклеарни ракети, такви во форма на прасе или направени од рециклирани гуми.

Кога Микеланџело се пријавил на скулпторски натпревар и - загубил

Една од најславните скулптури на сите времиња во моментот кога била пронајдена во римско лозје имала оштетена рака. Папата понудил пари за некој да ја реставрира. Идејата на Микеланџело не била прифатена. Но потоа излегло дека бил во право.  

Кажи ми најгрд кој е: натпреварот за најбизарен објект во Кина

Во Кина повеќе од една деценија се организира натпревар за 10 најгрди објекти во земјата. Меѓу нив има некои кои се навистина такви, но истовремено се шармантни во својата неубавост.

Напиши состав - добиј куќа крај канадско езеро

Една Канаѓанка, откако не успеала да ја продаде куќата за планираната сума, одлучила дека ќе ја даде на оној кој ќе напише најдобар состав на тема: „Зошто селењето во куќа од соништата крај езеро би ми го сменило животот?“. Што чекате?

Малите животни порази

Кога во утринско бунило пакуваш сендвич со онаа проѕирнана фолија и завршуваш заплеткан во куп пластика. Кога само што си ја поминал со метла терасата, дува ветар и повторно го расфрла ѓубрето. Кога конечно си го нашол норвешкиот филм, ама „ноу сабтајтлс фаунд“. Куп мали животни порази, кои најчесто ги надминуваме со пцовка или со блага воздишка. Ама одиме понатаму, затоа што - живот.

Напиши есеј и добиј фарма со кози?

Некоја нова мода се појавува во САД последниве месеци - луѓето ги даваат нивните домови, фарми и хотели како награди на книжевни конкурси. Иако ова за сопствениците е добар начин да се ослободат од долговите, тие истовремено им даваат шанса на оние со помали примања и литературен талент да добијат дом каде би пишувале на раат.

Победници од литературниот конкурс ЕВА

Букбокс деновиве учествуваше во жирирање на еден литературен конкурс. Ова се победничките и нивната баш фина поезија.