Во 1859, 450 патници на бродот Ројал Чартер, кои се враќале од австралиските рудници кон Ливерпул, се удавиле кога парниот брод потонал близу северниот брег на Велс. Некои од нив можеби ќе се спаселе да не биле повлечени кон дното од појасите полни злато, од кои никако не сакале да се откажат.