Волуменот на кинеските инвестиции во американски имоти е толкав што и самиот помогна во опоравувањето на пазарот на недвижнини кој почна да колабира во 2006 навестувајќи ја комплетната економска криза која се случи две години подоцна.
Наспроти забавувањето на некои параметри на кинеската економија, Кинезите на ангро купуваат и во други развиени земји, особено во Велика Британија и во Австралија. Во втората половина на оваа декада, сумата на нивни купуванки во САД се очекува да се качи 218 милијарди.
Купувањето на Валдорф Асторија, аквизицијата на исгурителната компаија Анабо за 2 милијарди долари или пак неуспехот да се купи групацијата Старвуд за што беа подготвени да дадат 14 милијарди стигнаа до насловните страници меѓутоа освен волуменот, кај кинеските инвестиции интересна е и структурата. Тие имено повеќе купуваат домови, односно резиденцијален имот отколку комерцијални зданија. Ако еден ден решат да се преселат....