Во 2006-та магазинот Њузвик посветува цел број на кризата на американските момчиња, односно дека тие на училиште заостанувале зад девојчињата. Во целата оваа работа главната претпоставката е дека машките некогаш не заостанувале зад девојчињата.
Бројките околу супериорноста на машките седнуваат да ги анализираат двајца истражувачи од Универзитетот Њу Брунсвик во Канада.
"Долго време ги собираме податоците околу оценките. Типично кога ќе најдеш разлики меѓу половите тие секогаш се во корист на девојчињата - не е важно во кое поле истражуваш. Па бројките што ги собирав почнаа да ме чудат," објаснува Даниел Војер.
Она што тие добиваат е збир од оценките на над 1 милион ученици и заклучокот дека: не само што девојчињата се подобри во секој предмет, туку тоа е така во изминатите 100 години.
Разликата во нивната методологија е што тие ги земале во предвид само оценките од учителите, а не резултатите од стандардизираните тестови на крајот од годината. Предноста на ова е што се следи работата на ученикот низ целата година, а не само како бил подготвен на денот на тестот, плус претходни истражувања покажуваат дека оценките од средно се подобар показател за успехот на факултет, отколку стандардизираните тестови.
Девојчињата имале најголема предност кај предметите на тема јазици и читање, меѓутоа задржале предност и кај математика и физика.
Меѓу објаснувањата за историската разлика меѓу двата пола се: тоа што девојчињата се поподготвени да побараат помош кога имаат проблем, дека тие се повнимателни и трпеливи на час, и дека структурата на училницата е подобро адаптирана на нивната психологија.