Стоев пред класот и тоа беше многупати видена сцена. Главно буричкаа по телефони под масите, проверуваа Фејсбук или праќаа пораки. Кога побарав внимание, мрзеливо ги дигнаа погледите кон мене и тогаш радосно им најавив дека следен проект ќе биде вежбање на една вештина која многу ќе им биде потребна во животот - водење конверзација.
Повеќето од нив буквално беа запрепастени. Конечно, еден од нив дигна рака и праша: Како тоа функционира?
Професорот Пол Барнвел од Луисвил потоа го развил овој проект, поделувајќи ги учениците во групи, учејќи ги на поединечни конверзации... Вели и дека после многу вежбање, разговарањето им паѓало како тешка задача. Ако медијаторот активно не го катализирал разговорот, тој бргу секнувал,а некои од учениците инстинктивно посегнувале кон својот телефон и Гугл, како прва помош за секоја непозната ситуација.
"Додека ги гледав како се мачат, сфатив дека разговарањето е најзапоставената вештина меѓу младите. Тие со часови минуваат комуницирајќи со други лица преку екрани и ретко имаат шанса за непосредна конверзација. Нивната зависност од екраните ги кочи во реалните муабети", вели Барнвел.
А кога ќе дојде време за носење некоја животна одлука, ќе мора да знаат да разговараат со родителите. Кога ќе дојде време да бараат покачување на плата, ќе мора лично да се соочат со шефот, и да се снаоѓаат со неговите реакции без помош на Гугл.
Според новите истражувања во САД, еден од три тинејџери праќаат над 100 текст пораки дневно. Поголем е бројот на оние кои со пријателите комуницираат преку уреди од оние кои со нив разговарат во живо.
Твитер и другите платформи на кои се случуваат дебати можат да бидат корисни но често го форсираат "прочитај, реагирај и заборави" однесувањето, кое не ги ангажирани доволно да развиваат критичко мислење на одредена тема.
На Шери Таркл, психолог од МИТ чија кариера се темели на проучување на односите меѓу луѓето и технологијата (прилично е скептична во користа од модерните работи во развивање на потребните вештини за живот), ѝ се случило во интервју со тинејџер да ѝ биде кажано:
"Некогаш и некако би сакал да научам да разговарам, ама не баш сега."