Таг: разговор

Аизучи или вештината на активно слушање на соговорникот

„Хаи. Хаи. А, со дес не...“. Речиси половина од времето од дијалог на јапонски поминува во изговарање на овие зборови, кои повторувани како мантра веќе и не значат само „да“ или „значи, така?“, туку се некој вид сигнал дека оној кој слуша навистина активно учествува во разговорот. 

Науката потврди: луѓето буквално не знаат кога да заќутат

Изгледа дека сме навистина неспособни за детектирање и реагирање на клучни точки во една од нашите најосновни социјални интеракции - муабетот. И кога треба да престанеме да зборуваме, но и кога имаме шанса да продолжиме.

Корисноста на телефонските муабети

Не знаеме за вас, ама ние полека но сигурно го губиме трпението за телефонски разговори. Од непотребни воведни поздрави, до она бесконечно „ај“-„епа ок“-„ај“ на крајот кој никако да настапи, чувствуваме дека од таков вид епски муабети во ера на чет и мејл веќе нема потреба. Ама изгледа разговорот со глас сепак има некои предности.

Буфон: „Сестра ми има Лига на шампиони, јас немам“

The Players Tribune одново изненади, овојпат со екстра интервју со Буфон кого го испрашува стоперот на Барселона и Шпанија.

Неверојатното нешто што го правиме додека муабетиме

Разговарањето со други луѓе најчесто се одвива толку спонтано што не забележуваме дека притоа се служиме со една од најголемите човечки вештини - надоврзувањето, со неверојатна брзина, на муабетот веднаш по точката којашто ја става нашиот соговорник.

Шишање без муабети

Фризерски салон од Велс на своите муштерии им понуди опција да закажат "тивка столица", столица на која ќе седнат и ќе им биде направена фризура без да мора да муабетат со фризерот. До сега, најдобро решение имаше нашиот финансов во Трендоленд.

Телефонот е сè понебитен дел од смартфонот

Телефонот - знаете оној апарат на којшто го ставате увото за да зборувате со некого - станува излишен во ера на други формaти на комуникација. Терминот изгледа треба да се ревидира, бидејќи тој веќе не го подразбира истото што и во времето кога тоа беше единствениот начин да чуеш нечиј глас, и тоа само откако ќе ја изговориш магичната формула: „Ало, Миле, ми текна".

Роботот чиј муабет ќе ве замисли

Робот на Гугл знае смислено да комуницира со луѓе откако прочитал милиони филмски сценарија од кои учел за теми како што е смислата на животот и моралноста. Ќе ви ја пренесеме конверзацијата која е импресивна, забавна и помалку вознемирувачка.

Моите ученици не знаат да разговараат

Професор од средно училиште ја споделува приказната како ги фрапирал учениците кога им најавил дека ќе почнат да учат да разговараат.

Памук и Еко на иста маса

Неодамна на Босфорскиот универзитет во Истанбул две водечки имиња на современата светска литература одржаа предавање во форма на дијалог. Темата: „За фактите, книжевната фикција и историјата".