Тој има договор со својот бербер (муабетџија, нормално), наместо да го шиша 45 минути колку што вообичаено трае процедурата (сосе зборење за политика, спорт, геостратегии, водоводџии и домашни проблеми), да го шиша во тишина 15 минути по што седнуваат на страна и се сослушуваат што имаат да си кажат :)
А сега за Кардиф, каде што фризерски дуќан ја официјализираше тишината како опција за своите корисници. На нивната "тивка столица" стилистот е задолжен да ги остави луѓето на раат.
"Сакаме да ја остраниме секоја можна непријаност и на нашите корисници да им порачаме дека не сме навредени ако не им се разговара," велат од салонот Баухаус порачувајќи дека човек кој одбрал тивка столица слободно може во меѓувреме и да се предомисли.
Ситните муабети со берберот е широко прифатен ритуал во целиот свет и знае да има релаксирачки ефекти во еден напнат и нервозен ден. Меѓутоа, за некои луѓе таа ситуација на "дрндање кое се очекува од тебе" знае да биде непријатна и причина да се избегнуваат салоните каде што вработените не затвораат уста. Дотаму што постојат и забавни видео упатства како да научиш да да се опуштитш во тој муабет.