Да го праќаме Тодоров?

Фотографијава не е некоја раритетна "кинезштина" туку вообичаена глетка во сиромашна провинција на Кина каде на учениците им рекле освен стандардните тетратки и моливи, со себе да понесат и клупа.

Фотографии од родители, баби и дедовци од провинцијата Хубеи како мкнат клупи испраќајќи ги своите дечиња на училиште предизвикаа огорченост во кинеската интернет јавност.

Училиштата од таа област нарачале 5.000 а властите им испратиле само 2.000 клупи па на 3.000 деца и нивните родители им било кажано да си донесат од дома за да имаат каде да седнат.

Не дека е ова прв ваков случај. The Changjiang Times пишува дека еден ученик со себе ја носел истата клупа која претходно во образовни цели ја користеле две генерации од неговото семејство.

Истовремено, меѓу привилегираните деца од богатите кинески семејства популарни се летните кампови кои чинат и до 5.000 долари, колку што изнесува просечниот годишен приход на едно кинеско семејство.

 

6 септември 2012 - 10:51