Во истражување од април годинава, од американските инвестори со минимум 1 милион долари во имот, 53% изјавиле дека ќе гласаат за Бајден, меѓутоа 52% мислат дека Трамп ќе победи.
Во исто време RealClearPolitics ги собира просеците на шансите што сајтовите за он-лајн кладење му ги даваат на Трамп, и во бројките од неделата актуелниот американски претседател има поголеми шанси да го повтори својот мандат отколку што поранешниот потпретседател има шанси да се врати во Белата куќа.
Казината плаќаат околу 83 долари за добитен влог на Трамп, и 135 долари за добитен влог на Бајден.
Ваквите про-Трамп бројки „го одразуваат оптимизмот околу економијата по завршувањето на најразличните локални и сојузни мерки за изолација“.
„Не може да очекуваме дека економијата ќе биде во многу добра форма, иако траекторијата до ноевмри би требало да биде позитивна,“ изјавува поранешниот функционер на американското министерство за финансии, Стив Сканке.
Контра на овој став е дека Трамп до сега не го доби стандардното подобрување на бројките што доаѓа при национални катастрофи „кога Американците вообичаено застануваат зад знамето и претседателот“.
„Тој сака да ја види економијата повторно забревтана пред тоа да е безбедно да се направи. Тоа мислам дека ќе стане до некаде катастрофално кога ќе почнат да се трупаат бројките од вториот бран на зарази,“ изјавува главниот економист на Економик аутлук групациајта, Бернард Баумхол.