Неговиот аргумент е дека гласањето треба да биде одложено се додека на луѓето не им се обезбеди „соодветно, сигурно и безбедно“ гласање.
Иако има малку докази околу тврдењата на Трамп за пропустите во гласањето преку пошта, што е една од опциите што ја имаат американските гласачи, тој веќе подолго време тера кампања и алармира на овој проблем.
Актуелноста на темата е заради обидите на сојузни држави низ САД да го олеснат гласањето преку пошта заради страв од ширење на пандемијата. На почетокот од јули, 6 сојузни држави објавија дека планираат изборите комплетно да ги оддржат преку пошта: Калифорнија, Јута, Хаваи, Орегон и Вашингтон.
Овие сојузни држави автоматски ќе испратат гласачки ливчиња на сите регистирани гласачи, кои потоа ќе треба да ги вратат назад по пошта или лично да ги достават на денот на гласањето.