Трамп тврди дека забележал нагло подобрување во настапите на Бајден за време на партиските ТВ дебати.
Тој не дал никакво дополнително објаснување за тоа што го тврди, освен што искоментирал „многу ме бива за такви работи“.
Според тајмлајнот на Трамп, Бајден дури и не се разбирал што зборува за време на некои од 11-те ТВ дебати против партиските конкуренти. Меѓутоа за време на последната дебата на 15-ти март, на која останаа само Бајден и Берни Сандерс, сегашниот демократски кандидат одеднаш имал добар настап против Берни.
„Не дека беше како Винстон Черчил, затоа што не е Винстон Черчил, ама беше стандардна досадна дебата.
Ништо спектакуларно не се случи. Ама ние ќе побараме тест за дрога, затоа што нема шанса тоа тек така да се случи,“ изјавил Трамп.
Бајден и Трамп ќе имаат 3 претседателски ТВ дебати пред изборите на 3-ти ноември. Трамп побара да има повеќе дебати.
И во 2016-та Трамп тврдеше дека Хилари Клинтон ја „креваат“ пред нивните дебати и нејзе ја предизвика да направи тест за дрога пред нивната последна ТВ дебата. Хилари нормално не го направи тоа.