Пред почетокот на дебатата, Трамп се заканува дека нема да учествува жалејќи се дека таа била наместена против него заради „ужасната и нефер“ модераторка Кристен Велкер. Треба да се има предвид дека ни првата дебата, што ја водеше Крис Валас од Фокс, исто така не му беше по мерак на Трамп.
Во понеделникот, првиот човек на кампањата на Трамп. Бил Степиен, испрати писмо до Комисијата за претседателски дебати во кои бараше промена на темите и наместо планираните, тие да се вртат околу надворешната политика на САД.
Од Комисијата до сега одлучија да воведат само една промена, и таа нема врска со темите, туку на дебата ќе биде воведена опцијата за гасење на микрофонот на еден од говорниците додека нивниот противник зборува.
„Потегот е направен за да се спречи повторувањето на првата дебата во која Трамп мина добар дел од 90-те минути во прекинување и на Бајден и на Валас,“ се објаснува во текстот на Ролинг Стоун.
Запрашан околу промената, Трамп дава невообичаено смирена изјава, објаснувајќи дека добар дел негови советници се на мисла дека тој треба да го остави Бајден да зборува затоа што поранешниот потпретседател знае да се изгуби во мислата „и да се изгуби во памет.“
Темите за кои Кристен Велкер ќе разговара со Трамп и Бајден на дебата на Ен-би-си се:
- Справување со ковид-19
- Американското семејство
- Расните прашања во САД
- Климатски промени
- Национална безбедност
- Лидерство