„Дали ги отфрлаш резултатите од претседателските избори 2020 и го прогласуваш правиот победник, или имаш нови избори? Масовна измама од овој тип и обем дозволува поништување на сите правила, регулатива и членови, па дури и на оние од Уставот.
Нашите големи ’основачи’ не сакаа, и не би преминале преку, лажни и наместени избори!“ напишал Трамп на социјалната мрежа Трут, притоа обвинувајќи ги социјалните мрежи дека соработувале со Демократите.
Пораката на Трамп, посебно делот околу укинување на Уставот, беа осудени од речиси сите, почнувајќи од Белата куќа и демократите, до неговите сопартијци од републиканците.
И покрај тоа што во 2023 полека почнува кампањата за следните претседателски избори, Трамп уште држи и тера правдини околу минатите избори што ги загуби од Џо Бајден во 2020.
Неговото инсистирање дека победил на изборите 2020, беа и една од причините заради кои неговите симпатизери решија да упаднат во Конгресот на САД.