Наспроти очекувањата дека Трамп панично го следи пребројувањето на гласовите, како што тоа го прави цел САД и пола планета, во Белата куќа, тој информацијата за поразот ја добива сред партија голф на терен во Стерлинг, Вирџинија.
Вашингтон пост внимателно го следеше првичното ветување на Трамп, и последователното неисполнување, па има преброено 247 излегувања на голф терените за време на 4-годишниот мандат. Од овие 247, 195 се случуваат или во сабота или во недела, што значи дека повеќе од половина од викендите во кои бил претседател тој играл голф и тоа секогаш на терен во сопственост на неговата компанија.
Трамп има и 36 викенд денови кога ги посетил своите голф комплекси без да игра голф.
Со вакви бројки просекот на Трамп е 2 дена од секоја недела додека бил претседател биле минати на имот на Трамп.
Да не биде дека само додека е на работа оди да игра голф, дури и за време на претседателската кампања, кога е во близина на Флорида или Невада тој често завршува на голф терените во негова сопственост.
„Затоа не треба да бидеме изненадени кога по пет дена пребројувањето доведе до заклучок во саботата наутро дека Трамп е поразен на изборите, Трамп не беше во Белата куќа за да ја прими веста. Наместо тоа, тој беше на неговиот голф терен во Стерлинг, Вирџинија, место што го има посетено 97 пати како претседател, на 7% од деновите додека беше на власт. Единствените места на кои има минато повеќе денови се Мар-а-Лаго и неговиот клуб во Бедминстер, Њу Џерси.
Човекот што рече дека нема да игра голф како претседател играјќи голф дозна дека повеќе нема да служи како претседател. Речиси шекспирски завршеток,“ пишува Филип Бамп во текстот за Вашингтон пост.