Ова е најголема сума во историјата на САД што некогаш е потрошена вака рано во претседателската кампања.
Бројките доаѓаат од Ад аналитикс, а според нив Блумберг до сега има потрошено 538 милиони долари на реклами, додека вториот милијардер што е во трка за демократската номинација, Том Стејер, е на 186 милиони долари. Сите други кандидати имаат потрошено по околу 50 милиони долари (пер кандидат).
Првенствено благодарејќи на расфрлањето со пари на Блумберг за годинешниот Супер вторник, на кој претставниците на демократите од 14 сојузни држави ќе го дадат својот глас за партиски претседателски кандидат, ќе бидат потрошени 247 милиони долари. За супер вторникот во 2016 беа потрошени 30 милиони долари.
Тргнувајќи од овие бројки, експертите проценуваат дека на оваа изборна сезона, до гласањето во ноември, на кампања ќе бидат потрошени 10 милијарди долари.
Заради невообичаената гужва на партиските избори, демократите до сега во овој циклус имаат потрошено 9 пати повеќе отколку републиканците.