Традиционално Ајова е сојузната држава која прва гласа, и ова важи за партиските номинации на двете партии, и обично резултатите се инстантни. Годинава таму им се случи дебакл. а од резултатите, победник и слично во трката која е парада на статистичари нема ни трага.
Додека без ниту едно преброено гласачко ливче Бутиџеџ прогласил победа, друг кандидат објавил сопствени резултати од гласањето, а претставниците на трет кандидат изразија сомнежи околу интегритетот на гласање, пишува Енди Крол од Ролинг стоун магазинот.
„Како што понеделник навечер се претвори во вторник наутро, гласањето во Ајова се уште немаше победник.
Заради технички дебакл, партиските лидери и волонтерите не можеа да ги објават крајните резултати од гласањето. Кандидатите беа гневни. Хулијан Кастро, поранешниот кандидат кој сега и дава поддршка на Елизабет Ворен, целата работа ја нарече ’тотален хаос’...
... За демократите, ова не е ништо помалку од кошмарно сценарио,“ пренесува Крол од лице место.
Тоа што демократите го нагласија во целата збрка е дека проблемите не се последица на „хакирање или упад“, а и Крол потврдува дека немало никави докази дека пребројувањето гласови е манипулирано.
Целата збрка со објавувањето резултати само ескалира откако централата на демократите во Ајова објави дека бројките од гласањето ќе минат (дополнителна) „контрола на квалитет“ заради „претпазливост“. За дебаклот вината паѓа на апликацијата имплементирана од Демократската партија во Ајова која наводно вадела неконзистентни резултати. Заради проблеми со апликацијата партиските функционери решаваат пребројувањето на гласовите да биде направено рачно.
Ваквата лавина од гафови засилена од терминот „контрола на квалитет“, беше со мерак пресретната од партијата што чека да види кој ќе му биде „бољи пар“ на Трамп во изборите 2020.
За едни „контрола на квалитетот“ е доказ дека демократите се подготвени да ги местат партиските избори.
Републиканскиот Конгресмен Марк Медовс надградувајќи ја републиканската порака дека демократите не можат избори да организираат, а не па држава да водат, порача:
За авторот на книгата „Election Meltdown“ и професор на Универзитетот во Калифорнија, Рик Хасен, вакви курцшлуси се подеднакво опасни за изборите како и странско мешање или он-лајн пропаганда.
„Единствена олеснителна околност за дебаклот на изборите во Ајова е што тоа не се случува во ноември 2020.
Но, има доволно џебови на некомпетентност во спроведувањето избори што ако резултатите во 2020 станат многу тесни, целиот интегритет на изборите може да биде доведен во прашање,“ изјавува професорот за Ролинг стоун.
До обајвувањето на текстот во Ролинг стоун (пред некој час), Демократската партија се уште немаше прогласено победник на партиските избори во Ајова.