Дени те пцува

Го знаете ли Дени? Кутриот, боледува од "туретов синдром", нервно пореметување блиску поврзано со состојбата позната како "копролалиjа". Пред да почнете да го жалите, дозволете да го опишеме со свои зборови: во практична, социјална и карактерна смисла - ДЕНИ Е ТЕШКО ГОВЕДО! А тоа денес е доволна причина да се стане ѕвезда.

Дени го имаше на MTV, беше цитиран од Конан О Брајан а неговите бројни фанови потпишуваа петиција за негово враќање на Википедија, рамо до рамо останатите нет великани од типот на Махир и "Нума, Нума". Дозволете си да се запознаете со него, и вие ќе сакате да ја потпишете.

Тикови, асоцијално однесување, темперамент со краток фитил... тоа е дел од манифестациите на "туретовиот синдром", а кој малку од малку знае грчки - веќе препоставува што значи она "копролалија".

Дени го има сето тоа, плус е ПИЈАНИЧИШТЕ. Апсолутно нејќете да имате таков човек дома.

Дени не прави ништо друго освен што по цел ден пие, вика и пцуе. Ни може, ни сака да биде пристоен, па секоја животна ситуација кај него предизвикува гласна пцовка од типот: FUCK, SHIT, DAMNED, BOB SAGET :)

Дени има и сопруга (екс-сопруга, од разбирливи причини) и син кој инсистира да не биде покажан на видео снимките (од разбирливи причини).

Како изледа Дени и животот со него, ќе дознаете од следниве видео клипови:

Мала компилација од неколку видеа на Дени. Неговата смисла за емпатија кога жена му ќе се пожали за здравјето на дедо и, мислењето за хомосексуалците и Дени против птица.

Дени го казнува својот син поради најлудата причина на светот, слушнете ја дефиницијата за тоа:

Во обид да ја смири неговата поранешна жена, Дени го носи својот син на интервју за работа.

Уште еден микс од негови клипови, во кои ја промовира својата оргинална пцовка, вам позната како водител на некогашниот тв хит "Funniest home videos".

*********

Бонус: Дени во ремикси!

 

31 мај 2019 - 14:40