Процената на Би-би-си е дека „човекот на вечерта е Џо Бајден“ бидејќи успеал да им покаже на Американците дека може да издржи под притисок. Возраста на Бајден и неговите чести лапсуси се една од главните точки на нападите од Трамп.
Базфид пишува „беа потребни само неколку минути за хаосот да започне, и сите оние кои се приклучија да ја гледаат првата дебата од 2020 почувствуваа голем скок на стресот како што сите тројца мажи постојано зборуваа еден преку друг.“
За Си-ен-ен „Претседателот Трамп ја претвори својата прва дебата со противникот од демократите во хаотична катастрофа“.
За Фокс на дебатата и недостасувала каква било суштина и на моменти станувала лична, и иако го сметаат Трамп за јасен победник, крајната оценка е дека „ништо што се случило на сцената нема да промени ничие мислење, ниту пак кандидатите да добијат или изгубат гласови.“
Вашингтон пост вака ја спакува целата дебата во 3 минути: