Жалам што ви носам лоши вести, но такви ви донесов и минатото лето кога ви реков дека Доналд Трамп ќе биде републикански кандидат за претседател. А сега имам уште поодвратни и подепресивни вести за вас: Доналд Џеј Трамп ќе победи во ноември. Овој мизерен, глуп и опасен под а) социопат и под б) кловн ќе биде нашиот следен претседател. Претседателот Трамп. Ајде, кажете ги тие зборови бидејќи ќе ги кажувате следните 4 години: "ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП".
Ова пред некој месец го напиша познатиот автор на документарци (види ја статијата "Пет причини зошто ќе победи Доналд Трамп"). Пар недели пред изборите, останува на таа линија, наспроти актуелните сондажи според кои и Трамп и Клинтон имаат пат до Белата куќа само што кај Хилари патот е поширок и покомотен.
Мајкл Мур смета дека контроверзниот републикански кандидат ќе победи најмногу затоа што американските елити се толку одвоени од обичниот народ што немаат сенс што се случува во средната класа која претрпе жестоки ломови последниве години и децении.
Ќе го изберат првенствено затоа што користи речник кој го разбираат и на директен начин ги адресира проблемите со кои се соочуваат.
"Изборот на Трамп ќе биде најголемото ФАК ЈУ во историјата и чувството ќе биде одлично", оценува Мур.