Според Холивуд Рипортер, Мур го започнува филмот со слика за мрачната иднина на САД доколку Трамп стане претседател. Тој ги споредува Американците кои би се нашле во таква ситуација со Британците кои гласале за Брегзит затоа што „ја искористиле гласачката кутија како инструмент за менаџирање на гневот“. „Ако победи Трамп, тоа ќе биде најголемиот заеб кој бил некогаш регистриран во човечката историја“, се вели во филмот.
За Хилари пак вели дека таа може да биде американскиот „папа Франциско“, дека ќе го подобри американскиот здравствен систем, и дека ИСИС „ќе се посерат“ ако таа стане претседател.
Премиерата на филмот се случува три недели пред Американците да излезат на избори, а е опишан како „лоша сатира, но поттик за хуманизам и јак на генерациски феминизам“. Toa е всушност филм направен во атмосфера на неодложност, а се состои од исечоци од неодамна одржано шоу на Мајкл Мур во Охајо. Со оглед на тоа што тој е далеку од еден Крис Рок или Луис Си-Кеј, и ја нема харизмата потребна за стенд-ап комедија, целиот филм според критичарите можел слободно да биде и радио емисија.
Дали фактот дека Мур не е толку по тоа да го сотре Трамп туку да ја поддржи Клинтон го прави филмот послаб? Веројатно. Но неговиот оптимизам може да е заразен. Или барем тој, и оние кои се за Хилари, се надеваат дека тоа е така.