Мајкл Мур поднел барање за развод од својата сопруга Кетлин Глин со која беа во брак 21 година и која потпишуваше некои негови дела како продуцент.
Познатиот автор на документарци во кои на 99-те проценти обесправени им ги разоткриваше механизмите на алчните корпорации и капиталистички системи и самиот е дел од останатиот, еден процент.
Се проценува дека финансиската е слична на неговата природна тежина - располага со 50 милиони долари, огромен имот во Мичиген и драгоцен стан од неколку милиони долари на Менхетн.
За National Inquirer, познавачи на семејните прилики на Мур велат дека тој е спремен да одвои половина, ако не и повеќе од своето богатство, како алиментација за својата наскоро бивша за да го купи нејзиното молчење.
"Последна работа што му треба во моментов е да се впушти во долга бракоразводна парница од која ќе излезат незгодни детали за неговиот живот", вели изворот на NI.
Упатените велат дека во основа постојат два Мајкл Мура - гласен борец против капитализмот и неправедната распределба на богатството кој по целодневно организирање протести за разно-разни каузи уморно се враќа во својот дом во кои комшии му се Мадона и Брус Вилис.