Под за него неразбирливото мото за „разумен компромис" ги издвојуваме само деловите каде се спомнува Македонија. Ако нешто ви зaзвучи чудно во стилот, не е до нас. Ние на пример никогаш не би го прекрстиле Александар Македонски во Саша. А и тоа за Струшките вечери може само на Џони да му текне.
„Секако, за време на Душан Србија се проширила, и требало некако да се пополнат новите властелински места, пa кандидати од Травунија, Захумље и Паганија не недостасувале. Освен тоа, ако се земе предвид дека Душан рано од татка се одметна, како таткото од дедото, и само напред да се возело, од силното освојување кадровската политика да се пропуштело, не е ни чудно што белочорапестите со џемпер во панталоните ја навјасале домашната властела, на која ѝ било фино и на свое, а плус ништо не им било послатко од комшиската жупа. Но Вукашин знаел дека парата врти онаму каде бургијата нејќе, па во Македонија секира во мед му паднала: имал големи приходи од производството на афион."
„Угљеша изгледа го наоѓаме прв во записите, во средината на 40-тите во Захумље (Душан таа управа му ја поверил), а можно е тогаш и Вукашин во Македонија да го упатил, затоа што можел таму да биде и пред во Прилеп да се востоличи"
„Значи Марко сето тоа го знаел, па заради тоа и Косово не му се давало, затоа што како што Александар еднаш рече, мислејќи на македонските кралеви: ако добро погледнете, ќе видите дека поданиците повеќе страдаат од странците. Прилеп, впрочем, живо предание за Саша негувал, па и на Марко тоа до уши му допрело. Всушност толку малку поседи му станале, што без страв да јава можел, не само околу Прилеп, туку можно е, сè до Охрид. Тука би доаѓал за време на летните горештини, па и до Струга, на Струшките вечери на поезијата, каде би се смеел слатко на песните за каменот и дабот (ко девица некоја со момче - по Хомер), додека Шарец со ’ржење би му одел по ќефот."
Целиот текст од белградско „Време" тука