Таг: развод

Зошто развод со адвокати и социјално, кога може двобој на живот или смрт?

Во она што се нарекува „мрачен“ среден век немало семејни терапии и прирачници за самопомош за брачни парови. Но затоа имало нешто поефикасно - дуели кои ако не завршувале со смрт на едниот партнер, тогаш барем им овозможувале да се издуваат и да се истресат еден на друг. 

Кога колекцијата од ташни ќе ти помогне да се разведеш

Кристина Ричи среќно го батали бившиот сопруг, а помалку среќно и чеизот од Шанел, но сега станува јасно дека било за арно. 

Брак ко брак, монотонија

Во развод кој ја добил етикетата „Маги разводот“ Индиец се разделува од својата сопруга затоа што за појадок, ручек, вечера, секој божји ден, му готвела инстант нудли. (Ете зошто Маги).

Колку треба да сакаш да се разведеш, кога знаеш дека на бившата ќe треба да и оставиш 600 милиони долари?

Рускиот милијардер Фархад Ахмедов успеа да ја спаси својата јахта од запленување, што и не му менува нешто многу на долг рок бидејќи и понатаму му стои долгот од 600 милиони долари по основа развод.

Како да станеш најбогатата жена на светот?

Чекор бр. 1: Разведи се од најбогатиот маж на светот.

Адвокати за развод даваат совети за брак

Прво: бракот е како лотарија, па веројатно нема да добиеш. Ама ако добиеш тоа е толку добро што само за тоа вреди да се проба. Второ: 50% од браковите завршуваат со развод, ако ти кажам дека надвор има  50% шанси да паѓаат метални кугли, ти ќе останеш дома, нема да стапнеш надвор. Трето: да купиш куќа ќе ти дадат 50 формулари што треба да ги пополниш, што ти објаснуваат сè... кога влегуваш во брак не добиваш ни едно ливче, ни летка на која пишува „само што ја направи законски најважната работа во твојот живот.“ Има уште.

Кинеската индустрија на протерувачи на швалерки

Како што професијата протерувачи на швалерки не постои кај нас така до пред десетина години не постоела ни во Кина, ама за разлика од кај нас таму упорно се случува економски бум, кој упорно создава нови и нови богати Кинези, кои упорно имаат идентични нови навики.

Нема разводи за време на Рамазан

Врховниот верски авторитет во Палестина забрани раскинувања на бракови додека трае муслиманскиот пост со многу логично објаснување: гладен човек знае да носи избрзани и непромислени одлуки.

Не, кучињата не ви се деца

Во една бракоразводна парница канадски судија морал да им објаснува зошто во нивната разделба, законот не може нивните кучиња да ги третира како што се третираат децата во иста ситуација.

Љубовта е слепа две години

На фамозното прашање колку треба време да се чека пред да се стапи во брак со некого, човек кој знае како работи мозокот вика: 2 години.

Од развод нема зијан

Не веруеш дека од развод може да имаш ќар? Не?

Можеш, и те како можеш, само треба редовно да ги пратиш субвенције на Грују. 

Нафтен развод со погрешен тајминг

Американскиот нафтен милијардер Херолд Хем пред некое време изјави дека е фер од разводот со него екс сопругата да добие една милијарда долари. Но, потоа цената на нафтата почна стрмоглаво да паѓа.

Само првиот развод е тежок

Елон Маск по вторпат се разведува од истата жена. Овојпат таа ќе биде обештетена со речиси еден милион долари за секој месец поминати во брак со него.

Најскапиот развод на сите времиња?

Харолд Хам е 13-то дете во сиромашно земјоделско семејство. Неполни 70 години подоцна тој денес поседува повеќе нафта од кој било човек на светов (што не е крал или диктатор). Проценет е на 17 милијарди долари, сума која инстантно ќе се намали ако работите излезат по ќеиф на сопругата која од лани сака да го разведе.

Како завршуваме во брак со погрешни луѓе

Перфекцијата нема да се случи, несреќата е една од константите, и генерално со кој и да завршите, тој пак ќе има некоја мана што ќе треба да ја трпите. И ова се нормалните парови. "Ама од време на време човек ќе сретне пар кај кои постои таква примална, толку длабоко всадена некомпатибилност, што чувствува дека тука се работи за многу повеќе од вообичаените несогласувања: некои луѓе едноставно не треба да бидат заедно."

Дрога, разводи и банкрот во фудбалот

Не е секој фудбалер Руни со договор од 300.000 фунти неделно и ги нема секој истите мераци како Роналдо со 17 милиони евра годишна плата и Ирина Шејк по дома. Овој спорт во некои куќи носи проблеми со пари, депресија, болести и разводи.

Житието на Џон

Генијалниот Џон Клиз веројатно се помалку верува во химната на својата дружина "Always look on the bright side of life". Она што мора да го прави на свои 73 години за да исплива од разводот, британските медиуми го најавуваат со: "And now, something completely DESPERATE".

Бучниот сака да се разведе тивко

Се разведува најпознатиот и богами најбогат правдољубец на светот. Извори блиски до Мајкл Мур велат дека е спремен да ѝ даде десетици милиони долари на досегашната сопруга за да ќути за нивниот брак и начин на живот.

Петар ебиветар

Л'ко е да се мрзи, тешко е да се сака... Б'ш такој. Сви ми сакамо некога и нешто, а мрзимо заради активно незадовољство. Фрустрације, предрасуде, општество на незадовољну масу. Ете тој смо ми заедно сас тебе у ист пакет, Свети Синоде Петре. Ти си ваљда женомрзац, па затој такој збориш. Некоја те е здраво изгорела, па после њума све ти се црно види. Или си изгорен, или па од што не можеш да си приуштиш жену и цело оној задовољство што доваѓа сас њума, шириш говор на омразу. Ти мрзиш, па и т'ј до тебе пошто мисли дека умно збориш, па од вас ќе чуе и он'ј па и он ќе почне да мрзи, сее се семе на мржњу, шири се омраза како жутица и куга.

Како се трошат пари од лотарија

Пред некоја година Роџер Грифитс тежеше 2,8 милиони долари. Денес на сметка има 10 долари. Да видиме како се успева во тоа.

Што ако бракот беше со рок на траење?

Идејата одамна функционира во некои од светските култури и религии, меѓутоа главна пречка за нејзино воведување во остатокот од светот е што целата работа ја имаме решено далеку подобро.

Развод од бајките

Разводите не мора да бидат гадни и трауматични. Босанката Дијана и нејзиниот довчерашен сопруг тврдат дека го имале најсреќниот развод на светот. Тој замина во прегратките на Ел Мекферсон а таа остана со 150 милиони фунти во џеб.

Желки се развеле после 115 години

Заедно пораснале, се засакале, станале партнери и живееле среќно и весело. Одеднаш, нејќат да се видат. Добро, не може да се каже дека не пробале бидејќи бракот им траел 115 години.

Да му се омажи жената на комшијата

Како еден бизарен случај против канадски милијардер ќе присили 1,2 милиони Канаѓани да стапат во брак. Спроти нивната волја.