Случајот со гастрономската монотонија што ја убила желбата за брак била објавена од судија за време на прес-конференција во судот во Мајсор.
Судијата не дал информации кога се случил разводот, кој е парот, ниту пак колку траел бракот. Тоа што кажал судијата е дека за време на целиот брак сопругата го хранела само со Маги инстант нудли.
Истиот судија алармирал и дека бројот на разводи во Индија иако се уште е мал, тој е во постојан раст, и дека главно се случуваат во урбани области. Во 2018, стапката на развод во Индија е 11% наспроти 50% во САД.
„Во руралните селските старешини интервенираат и решаваат проблеми. Жените немаат независност и нивниот страв од средината и семејните спогодби ги присилуваат да ја трпат ситуацијата. Меѓутоа во градовите жените се образовани и финански независни,“ изјавил судијата.