"Причините зошто луѓето прават погрешен избор се лесни да се набројат и воопшто не изненадуваат по својата структура. Тие исто така влегуваат во неколку основни категории," пишува Филозоферс Меил.
1. Не се разбираме себеси
Кога прво бараш партнер, имаш список на премногу општи услови кои тој треба да ги исполни: добар, забавен, атрактивен, авантурист...
Ова не се погрешни желби, проблемот е што не се ни приближно прецизни во однос на тоа, што нам ќе ни треба за воопшто да имаме шанса да бидеме среќни, или поточно да не бидеме константно мизерни.
"Секој од нас е луд на многу специфични начни. Ние сме изразито нервни, небалансирани и незрели, ама не ги знаеме баш сите детали затоа што никој не никогаш не не' поттикнал доволно силно да за ги откриеме...
Добро партнерство не е толку многу меѓу двајца здрави луѓе (нема многу такви на планетава), туку е меѓу двајца лудаци кои имале доволно вештина или среќа за да најдат не-заканувачки разумен мир меѓу нивното релативно лудило.
Самата помисла дека можеби и не сме толку проблематични како луѓе, треба да го алармира секој потенцијален партнер. Прашањето е само каде ќе се појават проблемите: можеби имаме латентна тенденција да збеснуваме кога луѓето не се согласуваат со нас, или дека може да се релаксираме само кога работиме, или дека ни е проблематично да бидеме интимни по секс, или дека никогаш не сме биле добри во објаснување на проблемите кои не' загрижуваат. Стандардно прашање на првите состаноци треба да биде: 'А ти како си луд?'" пишува Филозоферс Меил, дополнувајќи "Со така слабо разбирање на сопствениот карактер, не е ни чудо што не сме во позиција да знаеме кого треба да бараме."
2. Не ги разбираме другите
Овој проблем е поврзан затоа што другите луѓе се заглавени на истото ниско ниво на самопознавање како и ние. Без разлика колку и да се добронамерни, тие не се во позиција да разберат што е проблемот со нив.
Затоа што не може да дознаеме како функционира нивната психа (каков е нивниот став кон власт, интимност, понижување, пари, деца, верност и стотици вакви), во најголем дел се водиме од изгледот. "Има многу информации кои може да се добијат од нивните очи, носот, формата на челото, распореденоста на пегите, насмевката... Ама ова е подеднакво паметно како и да мислиш дека фотографија од надворешноста на електрана може да ти каже се што треба за нуклеарната фисија."
Проблемот е што луѓето проектираат голем број од работите што недостасуваат во сликата од некого, за комплетирање на неговата перфектност.
На сликата не гледаме дека е некој што нема ноздрви, има 8 влакна коса и е без трепки, туку без да забележуваме ги пополнуваме деловите што недостасуваат. "Нашите мозоци се навикнати да земаат мали визуелни детали и да создаваме цели фигури од нив, а истото го правиме кога е во прашање карактерот на нашиот потенцијален партнер."
3. Не сме научени да бидеме среќни
"Веруваме дека бараме среќа во љубовта, ама тоа не е така едноставно. Она што најчесто изгледа дека бараме е блискост, нешто познато - што пак може да ги искомлицира сите планови што ги имаме за среќата.
Во возрасните врски рекреираме некои од чувствата што ни биле познати кога сме биле деца. Како деца прв пат сме откриле што е љубов... Ама, љубовта со која што тогаш сме се сретнале доаѓа преплетена со други и помалку пријатни околности: да не' контролираат, да се чувствуваме понижени, напуштени, никогаш да не комуницираат со нас. На кратко: страдање.
Како возрасни, ние може да одбиваме одредени здрави кандидати кои сме ги сретнале, не затоа што тие се погрешни, туку затоа што се премногу добро балансирани (премногу зрели, со премногу разбирање, премногу доверливи) и оваа правичност ни изгледа непозната и туѓа, речиси угнетувачка. Па наместо тоа ние се упатуваме кон кандидатите кон кои несвесно сме привлечени, не затоа што тие ќе не' задоволат, туку затоа што ќе не' фрустрираат на нам познати начини."
4. Затоа што е ужасно да си сам
Дилемата е дали повеќе мразиме да бидеме сами, отколку што го сакаме партнерот кој не' поштедил од самотијата.
По одредена возраст општеството ја прави самотијата крајно непријатна, и тебе те остава како самотник во свет во кој преовладуваат парови.
5. Многу важност му даваме на инстинктот
Бракот од причина (ти имаш толку земја, невестата има толку земја, татковците се договараат наместо вас) е заменет со брак од инстинкт, според кој како еден човек се чувствува за друг е единствена мерка за стапување во брак. Ако си "заљубен," тогаш нема други прашања (ниту родители, ниту пријатели имаат право на приговор).
"Толку беше педантен и претпазлив бракот од причина, што една од главните карактеристики на бракот од инстинкт е верувањето дека човек не треба премногу да мисли зошто влегува во брак. Да се анализира одлуката изгледа не-романтично. Да се пишуваат списоци за и против, звучи апсурдно и ладно. Најромантичното нешто што човек може да го направи е што побрзо и понеочекувано да предложи брак, ако може и по само неколку недели, во наплив на ентузијазам - без да се даде шанса на ужасното размислување кое илјадници години им гарантираше мизерија на луѓето."
6. Не одиме на часови по љубов
Дојдено е време на трет вид на брак. Брак од психологија, во кој човекот влегува само откако "чувството" детално ќе биде анализирано по строги психолошки стандарди.
Во времето на брак од причина критериумите се:
- кои се нивните родители
- колку земја имаат
- колку се културолошки слични
Во времето на романтичниот брак критериумите се:
- не можеш да престанеш да мислиш за љубовникот
- сексуално си опседнат со него
- мислиш дека сте феноменални
- сакаш цело време да збориш со него
Потребни се нови критериуми:
- колку се луди
- како можеш да растеш деца со него
- како можете да се развивате заедно
- како може да останете пријатели
7. Сакаме да ја замрзнеме среќата
Ние имаме очаен нагон да ги направиме убавите работи вечни. Да го поседуваме автомобилот што го сакаме, да живееме во земја во која сме уживале како туристи. И, да сме во брак со човекот со кој ни било убаво.
Идејата дека бракот ќе го замрзне убавиот момент, е сосема погрешна бидејќи моментот зависи од местото на кое сте биле, тоа што само кратко сте се познавале, дека сте биле во хотел, а не на дома, дека сте биле на одмор, а не на работа...
"Всушност, бракот решително ќе ја префрли врската во друг, многу поинаков момент: во куќа, од која има многу пат до работното место, со две мали деца. Единствена состојка која ќе биде иста е партнерот. А можеби токму тоа е погрешната состојка."
8. Веруваме дека сме специјални
Сите пред себе имаат огромен број примери на ужасни бракови. Јасно им е дека секој брак се соочува со ужасни предизвици. Ама и покрај се никој не го користи ова знаење на сопствениот случај, и претпоставуваме дека тоа нема да важи за нас.
"Тивко се исклучуваме од генерализацијата. Не треба да не' обвинуваат за ова. Ама ќе имаме корист ако се обидеме да се видиме себе си со истите проблеми како и остатокот."
9. Сакаме да престанеме да мислиме за љубовта
Пред да влезеш во брак веројатно е дека си пробал се', со луѓе што те сакале и не те сакале, кратко и долго, познати и непознати. Заради ова јасни ти се сите можни разочарувања. По одредена точка од се ти е преку глава, па истрошен од сите мелодрами во животот се надеваш дека бракот ќе го воведе долгопосакуваниот мир во љубовта.
"Не може и нема, и во бракот има подеднакво сомнеж, надеж, одбивање и предавство како и пред него. Само од надвор бракот изгледа мирен, убаво здодевен и без случувања."