За само неколку недели откако јавно процени дека една милијарда алиментација е фер, нафтениот тајкун ја смени плочата и вели дека таа иста милијарда, со вакви цени на нафта е нефер.
Во убавите времиња за нафташите, неговото богатство се проценуваше на 19 милијарди долари, но по падот на цената на нафтата е преполовено и сега има околу 10 милијарди долари.
За да биде спорот уште позамрсен, на милијардата се жали и жената која треба да ја добие сметајќи дека е тоа малку.
Додека се дојде до конечна цифра, Сју Ен Арнал побарала да ѝ бидат исплатени интервнетни 300 милиони долари, колку да избутка.
Инаку, долгиот и скап развод кој се одвива во судовите на Оклахома е полн со правни итроштини, подметнувања, ретуширања на заедничкиот живот па и шешељеви моменти (Арнал од компанијата на сопругот побарала да ѝ бидат дадени на увид 600.000 страници документација), за кои пишува Вашингтон Пост.
Досега најголемата алиментација ја доби Елена Риболовлева која го закрпи својот екс сакан Димитри за 4,8 милијарди долари.