Постојниот закон за брак на Квебек, признава "дефакто сопружници," кои во основа се пар, кој живее заедно повеќе од една година, но не се во брак. Една од работите по кои оваа заедница се разликува од бракот, е што по завршувањето на врската сопружниците немаат никакви (финансиски) обврски еден спрема друг.
Токму во тоа е проблемот со разводот меѓу "Ерик" и "Лола," канадскиот милијардер и неговата поранешна латино девојка (вистинските имиња не им се познати бидејќи канадските закони не дозволуваат објавување).
Кога двајцата се разделиле, Лола решила да го оспори законот и да побара се што би добила и мажена жена. Нејзините адвокати се обидувале да докажат дека законот е дискриминаторски кон вонбрачните парови.
Откако врховниот суд на Квебек, во 2009-та го отфрлил барањето на Лола (50 милиони долари + 56 илјади канадски долари месечно), таа во 2010-та доби поддршка од апелациониот.
Проблемот е што оваа одлука всушност го поништува законот на провинцијата дека дефакто сопружникот не мора никако да се грижи за својот партнер по разделбата.
На оваа одлука се побуни и провинцискиот министер за правда, според кој пресудата на апелација го прекршува правото на избор на брачниот статус. Сега владата на Квебек поднесе жалба на оваа одлука по која треба да биде решено до јули годинава.
Доколку не се усвои последната жалба, тогаш сите дефакто сопружници ќе ги имаат истите права и обврски како и брачните партнери, без разлика на тоа што никој од нив не разменил прстени или побарал од другиот да го мине животот со него.
34,6% од паровите во Квебек се дефакто парови, а цели 60% од децата во покраината се вонбрачни.