Парите и следуваат на екс г-ѓа Ахмедова заради сите маки и премрежија кои ги пребродила во годините кога била сопруга на Ахмедов додека овој градел империја и создавал богатство од стотици милиони долари.
Разводот е спроведен од британскиот суд, кој и му наредува на Ахмедов да исплати 600 милиони долари на својата поранешна сопруга. Дел од сумата треба да биде надоместена со јахтата Луна од 470 милиони долари, заради што и беше наредено нејзино запленување.
Застојот во целата постапка е што јахтата на Ахмедов е запленета во Дубаи, каде апелациониот суд реши дека одлуката на британскиот суд не може да се спроведе на нивна територија.
Портпаролот на Ахмедов порача дека обидите на поранешната сопруга да го заплени неговиот имот се „залудни како и пресудата на англискиот суд“.
Брачниот пар се разведе во Британија во 2017.
Ахмедов инсистира дека тој и Татјана се разведени во Русија уште во 2000-та. Британскиот судија во разводот одлучи дека не може да најде докази за претходниот развод, заклучувајќи дека оригиналните документи од разводот во Русија „се фалсификат“.