Син ми денес тргнува на школо. Некое време сè ќе му биде чудно и ново и би ве молел да бидете нежни со него. Влегува во авантура која можеби ќе го однесе на други континенти но и авантура која веројатно ќе подразбира и војни, трагедии и страдања. За таков живот ќе му треба вера, љубов и храброст.
Затоа, драг учителу, ве молам земете го за рака и научете го на работи кои мора да ги знае, но нежно, ако можете. Научете го дека на секој непријател доаѓа и еден пријател. Ќе треба да знае дека не сите луѓе се праведни и искрени. Но, научете го и дека на секоја битанга доаѓа и еден херој, дека на секој расипан политичар постои и еден посветен лидер.
Научете го дека десет заработени центи се повредни од еден најден долар. Дека е почесно да не се успее отколку да се мами. Научете го да губи достоинствено и да знае да ужива кога победува.
Научете го да биде нежен со луѓето но да не им попушта на насилниците. Одвлечете го од зависта и научете го на тајната на спокојното смеење. Научете го ако можете, како да се смее кога е тажен, дека нема срам во солзите. Научете го дека и во неуспехот постои слава но дека и во победувањето има очај. Научете го да ги игнорира циниците.
Научете го на чудесиите на книгите, но истовремено дајте му време да се задлабочи во мистеријата на птиците, пчелите на сонцето и цветовите во зелените ливади. Научете го да верува во своите идеи дури и кога другите му викаат дека се погрешни.
Обидете се да му дадете на мојот син сила да не ја следи толпата кога сите го прават тоа. Научете го да ги слуша сите, но и да ги научи да го одбере само вредното од она што го слуша.
Научете го да ги продаде своите таленти и ум на оние кои најмногу нудат но никогаш да не става цена на своето срце и душа. Нека има храброст да биде нетрпелив и да има трпение да биде храбар. Научете го да има возвишена вера во себе затоа што така секогаш ќе има возвишена љубов и кон човештвото, кон Бога.
Многу барам од вас, но гледајте да направите што можете. Тој е така фино дете, и син ми е.
Абрахам Линколн