Откако ќе станат пензионери до најмногу една година 33% од играчите се разведуваат, 40% од оние кои се најмногу пет години повлечени од зелените терени прогласуваат банкрот, а 30.000 од вкупно 70.000 поранешни фудбалери од Велика Британија се вклучуваат во „Xpro“, стои во статистиката на добротворната организација за поранешни играчи.
Организацијата им помага во медицинско лекување, рехабилитација за зависност од дрога и алкохол, вработување, им дава даночни и пензиски совети, потоа како да управуваат со богатство, но и како да постапат во случај да имаа долгови.
„Кога ќе почнете со работа во ваква хуманитарна организација ќе сфатите какви потреби имаат фудбалерите. Ние раководиме со мнозинството, а не за малцинството. Нашата цел и да им дадеме поддршка и совети по завршување на кариерата. Многу од нив страдаат од депресија, остеоартритис (заболување на зглобовите) и финансиски тешкотии“, вели Ден Холдсворт, поранешен играч на Болтон кој работи како директор на Xpro.
Просечната неделна плата во Премиер лигата изнесува 23.000 фунти, но постои голема разлика во заработувачката помеѓу еден Манчестер Сити и Кристал Палас.
Второлигашот КПР на пример за годишни плати исплаќа вкупно 68 милиони фунти што е вистинска реткост за втора лига, но само еден ранг подолу, на Јеовил во третата лига годишниот буџет му изнесува еден милион фунти.
„Проблемот е во тоа што мислат дека нивите кариери нема да се сменат или нема никогаш да завршат и особено тоа што сите имаат иста перцепција дека кога ќе завршат со играње ќе бидат богати, а тоа не е точно. Нивните кариери се всушност кратки и многу од нив потоа немаат работа“, објаснува Холдсворт.
Во втората англиска лига просечна неделна плата изнесува 5.000 фунти што според Холдсворт тоа не е воопшто лошо, но кај некои од нив се јавуваат проблеми кога треба предвреме да ја завршат кариерата поради тешки повреди или болести па потоа остануваа без приходи.
Според едно истражување над 700 фудбалери регистрирани во англиски клубови во 2012/2013, оваа сезона се без ангажман, а 120 играчи се во потрага по нов клуб. Околу 150 активни играчи во моментов имаат судски процеси поради дрога, а 124 од нив имаат помалку од 25 години.