Џордан на прашањето дали уште е вљубен во кошарката

Мајкл Џордан во емисијата „Инсајт ту Екселенс“ кај водителот Мајк Тирико зборувал за кошарката. Тој е еден од ретките ако не и единствените кој повеќе од 20 години после блескавата кариера се повлече од јавниот живот и направи јасна разлика меѓу бизнисот и приватниот живот.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Дел од емисијата се прикажала на полувреме од дуелот на стартот од НБА меѓу Оклахоха Сити Тандер и Хјустон Рокетс.

На прашањето дали е сè уште вљубен во кошарката, Џордан вели:

„Неверојатно е, ти не можеш да знаеш, кога си на врвот на кариерата колку малку време имаш за семејството. Тоа го имам сега. Тоа ми е највредно и можеби затоа и не ме гледате сега толку.“

- Дали земаш некогаш топка да пошутираш?

Не сум пипнал топка со години.

- Ајде сега, зарем не си шутнал некаде на кош тука кај тебе.

Гледаш ли некаде кош околу тебе?

- Не гледам...

„Последен пат на Рајдер Куп (голф) изнајмив вила од сопственикот. Неговите внуци беа таму. И имаше кош во дворот. И ми кажа би сакал да шутнеш едно слободно фрлање. Јас во знак на благодарност што ми ја изнајми вилата.... Викам навистина? Веќе платив за вилата (се смее). И кога застанав да шутнам слободно, така нервозен не сум бил со години...

А причина за тоа е што децава слушнале приказни од нивните родители за тоа што правев пред 30 години. Така што нивните очекувања се како пред 30 години а ја не сум пипнал баскет...

- Без коски, се надевам...

Апсолутно! (се смее) Бев најсреќен, ми се направи цела недела што им угодив на тие деца...

Јас имам обврска кон кошаркарската игра. Не финансиски. Добро сум. Искрено би сакал да можам да земам магична пилула, да облечам шорцеви и да излезам да играм кошарка уште денес, зошто тоа е тоа што јас сум. Јас живеам за таква компетитивност. И ми недостига.

Ми недостига тој аспект од кошаркарската игра, да можам да се предизвикам во однос на она што луѓето го гледаат како врвна кошарка, но подобро за мене да си седам овде да зборувам со тебе отколку да ги кршам Ахиловите (пети) и да седам во количка некое време“.

Мајкл Џордан е најголемиот кошаркар на сите времиња. Тој освои шест шампионски титули со Чикаго Булс, тимот кој го одбра на драфт во 1984-та година.

Доби МВП награди во сите шест финалиња кога освои шампионска титула (1991, 1992, 1993, 1996, 1997, 1998). 10 пати беше најефикасен кошаркар на сезоната во НБА.

Девет пати го бираа во најдобрата одбранбена петорка и освои две Олимписки злата и многу други признанија и награди.

Тој и натаму е најдобриот стрелец во просек во историјата наа НБА со по 30,1 поен по натпревар а во 2009 година влезе во Куќата на славни на НБА во Нејсмит.

Во 1994-та се повлече од професионалното играње кошарка но се врати веќе на пролет 1995-та. Се повлече пак во 1998-ма но се врати и одигра уште две сезони за Вашингтон Визардс од 2001 до 2003.

22 октомври 2025 - 10:23