Лука Дончиќ ја отвори сезоната како Коби Брајант на времето

На стартот на новата сезона во НБА отворија Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс. Лука Дончиќ блескаше со 43 поени (17/27), 12 скока, 9 асистенции, две украдени топки и три изгуени топки. Но тоа не беше доволно за Лејкерс затоа што воините славеа 119:109. Дончиќ стана само прв играч после Коби Брајант уште од 2007-ма година кој ја отворил сезоната со 40+ поени.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Лејкерс играа без Леброн Џејмс кој ќе отсуствува околу еден месец поради ишијас. Покрај Дончиќ сјаен беше и Остин Ривс кој уфрли 26 поени со 5 скока и 9 асистенции како и Диандре Ејтон со 10 поени и 9 скока.

Кај победниците, Џими Батлер беше фантастичен со 31 поен и 5 скока, Стеф Кари додаде 23 поени а Џонатан Каминга доминираше под кошот со 17 поени, 9 скока и шест асистенции.

22 октомври 2025 - 09:13