Илија малер на колото

Да ти каже некој да опишеш малер на колото, прво треба да ти текне на украинскиот стопер од ПСЖ Илија Забарњи. Има среќа што неговите на крај славеа рекордна победа од 2:7 на гостувања во Лига на шампиони, против Баер Леверкузен. Илија скриви два пенали од кои едниот го промаши домашниот бек Грималдо а во 37-ма минута доби и црвен картон. По негова среќа црвен во 33' минута доби и противничкиот фудбалер Андрик па се играше 10 на 10 до крајот .

Во историјата на Лига на шампиони само двајца фудбалери направиле два пенали и добиле црвен картон на еден ист натпревар: во 2019-та година Јоел Велтман од Ајакс и во 2020 - Далберт од Рен.

22 октомври 2025 - 11:33