Само првиот развод е тежок

Елон Маск по вторпат се разведува од истата жена. Овојпат таа ќе биде обештетена со речиси еден милион долари за секој месец поминати во брак со него.

Човекот прави ракети, супер модерни коли на струја, го викаат Ајрон Мен без одело, млад е, ултра богат, го смисли Пејпал и паметен е за сè освен кога ќе запне дека треба да биде женет.

По четири години минати заедно, од британската актерка Талула Рајли Маск се разведе во 2012-та година но повторно се ожени со неа една година подоцна. Сега пак се разведува. За време на првиот развод романтично ѝ порача преку Твитер: "Ќе те сакам засекогаш. Еден ден некого ќе направиш многу среќен". Вториот развод минува поскромно, освен што ќе ѝ даде 16 милиони долари алиментација. 

Со Рајли немаат деца но тој ги има шест од првиот брак со канадската актерка Џастин Маск со која заедно живееле 8 години.

Џастин има изјавено дека секогаш знаела дека таа ќе му биде само стартна сопруга. За време на нивниот прв свадбен валцер, Елон ѝ шепнал: "Да знаеш, во оваа врска јас сум алфа мажјакот."

 

Елон Маск почна со платформата Zip2, која во 1999-та беше откупена за 340 милиони долари.

Потоа го создаде PayPal, кој во 2002-ра го купи Ebay за 1,2 милијарди долари.

Истата година го формира Space X само за да ги нервира македонски железници.

Основач е и на Тесла Моторс, компанија за производство на електрични автомобили која во првото излегување на пазарот во 2010-та година беше проценета на 226 милиони долари а денес вреди преку 20 милијарди.

3 јануари 2015 - 10:30