Македонски железници добиваат конкуренција

Основачот на Пејпал и Тесла моторс ги претстави деталите од својот транспортен систем хиперлуп кој треба да ги поврзува Лос Ангелес и Сан Франциско. Ќе дојде ли кај нас и кои денови ќе биде бесплатен за пензионери?

По изработката на ДУП и ГУП за вегетаријански град на Марс, милијардарот Елон Маск го претстави својот нов проект вреден 6 милијарди долари. 

Треба да ги поврзува ЛА и Сан Франциско со цевка низ која ќе се движи капсула со брзина од 1.300 километри на час што значи дека меѓу двата града би се патувало 30-тина минути. Капсулата би превезувала 28 патници а можело да збира и автомобили. Капсули би се катапултирале на 30 секунди.

Тој го опиша системот како мешавина на конкорд, електромагнетен проектил и воздушен хокеј.

 

13 август 2013 - 14:24