Отчетно, транспарентно и со плочка

Пред да стане министер задолжен за комуникации, отчетност, транспарентност и менторирање на „корисни“ медиумски смрадови, Роберт Поповски имаше ТВ емисија. Во една прилика гостин му беше Али Ахмети, коалиционен партнер во актуелната влада. И во таа прилика падна муабет за најстрашниот вмровски споменик кој нè скара со Грците и пред цел свет им даде за право да бла, бла.....

Ќе го додадат ли и ова на плочката?

Канал 5, 11 јуни 2012 г

******

Бонус:
Ана Павловска Данева: „СДСМ нема ништо против оддавање на почит кон ликот и делата на значаји историски личности во Република Македонија, вклучително и на Александар Македонски“

*******

Уште еден бонус:

Кочани, 2005, отворање на фестивалот Александријада. Говори градоначалникот Љубомир Јанев, некогашен миниистер за животна средина (2002-2004), во чест на раѓањето на „нашиот најголем крал/цар Александар Македонски“.

 

 

 

 

19 јуни 2018 - 10:59