Во текстови од 15 и 16 век не е необично да се сретнат илустрации на нешто што најверојатно било реална практика - брачни парови во двобој на живот или смрт. Конкретниот цртеж погоре е од Баварија и претставува маж кој стои во дупка со изложено тело од половината нагоре, а во десната рака има стап. Жената пак е истовремено храбро и доминантно поставена над него, носи некој вид комбинизон, и е вооружена со голем камен завиткан во платно, со кој има очигледна намера да замавне кон партнерот. Дупката и заврзаната лева рака на мажот се намерни, за да се надомести каква и да е физичка предност што тој ја има. Помеѓу другите правила, нему му било забрането и да се допира до работ на јамата, што можело да го кошта дисквалификација.
Имало и други начини да се победи. Цртежи од ракопис на германскиот автор Ханс Талхофер од 1467 прикажуваат жена која го дави мажот ѝ, кој пак може во некој момент дури и со врзаната рака да го дофати платното со каменот и на тој начин да го зададе смртоносниот удар.
Некои историчари не ги мрзело да го реконструираат ова во форма на машко-женска битка, со различни потези кои можеби некогаш би ви се нашле (не мора за развод, може и онака)