Нетфликс ги обезбеди правата за серија и филм според играта „Катан“

Една од најпопуларните друштвени игри подразбира заземање територија, градење, собирање и размена на ресурси и секако - победа. Доволно елементи за да може според неа да се направи нешто гледливо и препознатливо, барем за оние што ја играле. Оние другите, фатете се за коцка!

Доколку не сте запознаени, во Македонија многу се игра Катан, до толку што има и државни првенства и исти такви прваци, кои потоа се натпреваруваат на европско ниво (види претходно интервју со Ведран Андонов тука).

Францускиот издавач Асмоде, кој ги држи светските права за играта на англиски јазик, неодамна соопшти дека претставници од компанијата, заедно со Гвидо и Бенџамин Тојбер - синовите на креаторот на играта, поранешниот стоматолог Клаус (кој почина пред некоја година, некролог за него тука) ќе учествуваат во осмислувањето на серијата и филмот. Според нив, купувањето на правата од страна на Нетфликс покажува дека друштвените игри се навистина значаен дел од поп културата. 

„Катан“ е издадена пред точно 30 години и тогаш доби неколку награди, вклучително и престижната „Игра на годината“. Целта е населување на остров со истото име преку добро менаџирање и трговија/размена со ограничени ресурси, како и стратешка интеракција со другите натпреварувачи. Оригиналот сега има бројни експанзии (дури и Катан во вселената), а достапни се и дигитални верзии.

Засега не се познати детали околу вистинскиот начин кој играта ќе биде преточена во серија и филм, но јасно е дека тука има „штоф“ за приказна која би вклучувала креативност и стратегија. 

За Нетфликс ова не е прво влегување на полето на игрите и друштвените игри. Оваа пролет беше објавено дека ќе биде развиено и реално ТВ шоу базирано на „Монополи“.  

Осврт за „Катан“ во рубриката Букбокс друштвени игри тука

Книга со рецепти инспирирана од „Катан“ тука

па доста сме пишувале за играва...

22 октомври 2025 - 21:24