Дизајнерот на друштвени игри Клаус Тојбер, авторот на антологиската игра „Населувачите на Катан“ (The Settlers of Catan), почина на 1 април на 70-годишна возраст. Со ова занимање почнал да се бави фрустиран од своето некогашно работно место, забен техничар. Играта излегла во 1995, и истата година била прогласена за Игра на годината (Spiel des Jahres), една од најпрестижните награди во светот на борд-гејмингот.
Инспирирана од приказни за викиншките подвизи, ненасилната приказна собира играчи на изолиран остров, каде со посредство на комуникација, преговори и малку блефирање тие треба да симулираат создавање населби и развој на економија. И без гледање се знае дека некој игра „Катан“ ако од масата се слушаат понуди за раземна на дрво, овци, камења и други ресурси (или се очајува ако се паднала 7-ца, што значи дека некој е сигурно оштетен). Во светот се продадени повеќе од 40 милиони копии на повеќе од 40 јазици, а истата е преведена и на македонски.
Тојбер останал лојален на својата креација до крајот на животот, лично учествувајќи во дизајнот на повеќе од 50 експанзии односно додатоци на играта. Тие ја вклучуваат и (изгор скапата!) 3Д верзија, со делови и токени кои тој лично ги моделирал на рака. Неговиот мемоар, „Моето патување до Катан“, излезе во 2021. Книгата беше објавена по повод четврт век од играта, во луксузно издание со голем број фотографии, а првите 1000 парчиња беа и потпишани од авторот.
Види претходно и „Забарот кој ја креираше Катан“