Не само ние, и средовековните монаси, чија задача било бесконечно долго да препишуваат ракописи, имале проблеми да се концентрираат. Се жалеле дека се прeплавени со информации, често се занесувале гледајќи низ пенџере, или мислејќи кога е следниот оброк. Тие можеби имаат нешто да ни кажат за нашата современа мака да се сосредоточиме на она што го правиме.