Денес, а особено околу велигденските празници, зајаците се претставени како слатки и мирни суштества, кои со тоа очињата како да повикуваат да ги земеш во раце и да ги галиш. Истовремено, се сметаат за симболи на доаѓањето на пролетта. Притоа, се заборава дека тие имаат деструктивни тенденции (прашајте кој и да е земјоделец колку сака да има зајаци во градината...). Но тоа не е ништо во споредба со нивната претстава во средовековни ракописи, каде се појавуваат во илустрации на маргините.
Во нив зајаците се претставени со мечови, секири, лакови и стрели, како се борат против оние кои ги ловат, често пати убивајќи ги. Наречени „дролери“ или гротески, овие цртежи се карактеризираат со бизарни сцени, кои ја превртуваат на глава претставата за реалниот свет. Оттаму и насилните зајци, наместо мали, нежни и плашливи - агресивни и големи.
Ваквата идеја, за поинаков свет, очигледно им била привлечна на уметниците бидејќи им нудела можност безбедно да се бунтуваат, барем на микро план, против суровите нееднаквости на феудалните системи на нивното доба. Идејата за зајците кои ги убиваат оние кои вообичаено ги ловат може да биде метафора за оваа промена на улогите - форма на анархизам во минијатурен облик. Освен тоа, некои од сцените се страшно забавни (и страшни, и забавни).
Кога за Велигден кој наближува ќе бидеме соочени со визуелизации на смерни и пријателски настроени зајчиња, да се потсетиме на овие нивни анархистички алтер-егоа.