За оние кои чуваат мачка по дома, сцената е повеќе од позната. Конечно седнувате да сработите нешто, Таа елегантно скока на тастатурата и со шепите ви го корегира текстот.
Истражувачот на средниот век, Емир О. Филиповиќ, сега пронајде доказ дека мачките вака се однесувале барем во последните шест векови: траги од шепи кои ги красат страниците на 13-тиот том од "Lettere e commissioni di Levante", збирка копии од писма и инструкции кои властите на Дубровник и Рагуза ги испраќале на своите трговци и пратеници низ југо-источна Европа (Босна, Србија, Хрватска итн.). Овој документ е од 11. март, 1445.
Како што искоментирала Кејт Битон (стрип уметник од Канада) на Твитер, ваквите случајни наоди во стари книги прават тие да изгледаат пореално, да можеме да си ги замислиме околностите и секојдневните задоволства (и маки) на нивните автори. Како кога мачка ќе ти скокне на тастатура...