Таг: ракопис

Микро-ракописот на швајцарски писател за кој биле потребни четири децении дешифрирање

Ликот и делото на Роберт Валзер се енигматични по повеќе основи. Но петстотините страници пронајдени по неговата смрт до 2000-тите содржеле „код“ кој неговите проучувачи едвај успеале да го пробијат. 

Вештачка интелигенција ќе помага за дешифрирање на докторскиот ракопис

Лекарите минуваат низ години учење на материјалот, но едно нешто како да недостасува во програмата - барем скратен курс по краснопис. Додека некому не му текне да го воведе, Гугл ќе се обиде да им дешифрира што пишува на рецептите на фармацевтите и на пациентите. 

Дали Кирил и Методиј и нивните ученици страдале од карпал тунел?

Низ историјата луѓето запишувале нешта на различни материјали и со користење на куп алатки, од наострени камења до пердуви од животни и мастилави пенкала. Но нештата се забрзале кога индустријализацијата веќе немала време за чекање некој да се тегне за со убав ракопис да препишува или да фаќа белешки, па да почнува од почеток само поради една гершка.

Конечно: замислуваш дека пишуваш, а компјутерот сам куца

Иако е наменето пред сè за луѓе со хендикеп и парализа, ова средство многу добро би ни се нашло и нам. Со него само се замислуваат пишувани пораки, а пар електрични сензори ги претвораат мислите во компјутерски знаци.

Kоељо избришал ракопис за книга која ја пишувал со Коби Брајант

„Без придонесот на Брајант, книгата ја загуби својата смисла“, изјавил Пауло Коељо по смртта на славниот кошаркар, објаснувајќи зошто одлучил да ги уништи досегашните скици за она што требало да биде нивна заедничка книга.

Откриени ракописни белешки на Милтон на прво издание на Шекспировите драми

Шекспир починал кога Милтон имал 8 години. Славниот автор на „Загубениот рај“ (на македонски препеан од Драги Михајловски) се смета за книжевен наследник на бардот. Но сега има и доказ за нивната духовна поврзаност. 

Скандалот со антиквитети што ја тресе Франција

Во текот на последните денови на стариот француски режим, заробен во тесна и мрачна ќелија на врвот на Бастиља, еден дерогиран аристократ го составил најбогохулниот роман на сите времиња. Но од непријател на француската држава, Маркиз де Сад прерасна во национално богатство во 2014, кога ролна хартија на која е напишана неговата „120 дена содома“ се продаде за 10 милиони долари. Сега истиот тој ракопис е во центарот на најголемиот скандал со антиквитети во земјата.

Џејн Остин користела шпенагли за средување на своите текстови

Во време кога уредувањето на текстот е повеќе прашање на мрза отколку на технички можности, тешко е да се замисли со какви проблеми се среќавале писателите од минатото. Но една жена смислила креативно решение. 

Колку пати ракописот на Војнич ќе биде „конечно“ дешифриран?

На секои два-три месеца се појавува по некое ново тврдење за содржината на текст кој не е дешифриран со векови. Овој пат главни актери се еден историчар-аутсајдер и едно угледно книжевно списание. Спојлер: замислениот автор на кодираниот ракопис уште се смешка од некој ќош.

Апелот на Шекспир за хуман третман на бегалците

Последниот ракопис на Шекспир, за драма во која тој преку ликот на Томас Мор повикува против „нехуманоста од огромни пропорции“ во однос на тогашните бегалци, наскоро ќе биде достапен онлајн. Тој е дел од 300 новодигитализирани документи, кои фрлаат светлина не само на ликот и делото на бардот, туку и на пошироките општествени и културни прилики во кои тој творел.

Маркиз де Сад се враќа дома

„120 дена Содома" се опишува како едно од најперверзните дела на 18. век - оргии, педофилија, некрофилија и - последно но не и најмалку важно - eпизода на секс со лебед. Па сепак, Французите го сметаат за свое национално богатство, и сега се среќни што тоа од Швајцарија конечно се враќа дома.

Вековни стремежи на еден цицач

Се сеќавате на текстот дека некои од дамките на средовековните книги се всушност фосилни остатоци од европските инсекти? Епа откриен е ракопис кој содржи информација за постоење и на други чудни суштества. Овие предат, и имаат шепи.

Тефтерите на познатите

Имам пријатели кои постојано ме пецкаат што во чанта си носам тефтерче, со кожна подврска и пенкалце, кое ми е скапоцен потсетник. Затоа и не е фер што тефтерчињата на луѓе многу попознати од мене се класифицираат како „маргиналија" од нивните животи. Претпоставувам и за многумина од нив, ако нешто не е запишано, исто како да не било, а големи се шансите и да не биде.