Kоељо избришал ракопис за книга која ја пишувал со Коби Брајант

„Без придонесот на Брајант, книгата ја загуби својата смисла“, изјавил Пауло Коељо по смртта на славниот кошаркар, објаснувајќи зошто одлучил да ги уништи досегашните скици за она што требало да биде нивна заедничка книга.

Коби Брајант, освен што беше славен спортист, имаше и други ангажмани, особено по пензионирањето. Меѓу нив и објавувањето книги за деца, во соработка со различни автори преку неговата мултимедијална компанија Гренити Студиос, на тема спорт и магија.

Долгогодишна желба му била да напише книга со авторот на една од неговите омилени книги, „Алхемичарот“, која како и претходните во серијата требало да се однесува на тоа како сиромашните деца можат да ги надминат пречките во животот преку занимавање со спорт.

Ова било почетната точка од која Коељо почнал да развива приказна, која при секоја заедничка средба со Коби се надградувала. И покрај инсистирањето на обожавателите тој сепак да ја доврши книгата, за него тоа веќе нема смисла. Она што можеби сепак ќе го направи е некој ден да напише книга „за сите нешта кои ги научил од Коби“ и колку „добра и голема личност“ бил тој. Веруваме дека нема да ја пропушти таквата лукративна прилика.

извор

28 јануари 2020 - 19:19