Во 2011 Оксфордската библиотека во својата колекција вклучила ракопис од недовршениот роман на Џејн Остин, „Вотсонови“. По тој повод издала соопштение:
Ракописот е прва скица за роман во процес на пишување, и еден од најраните сочувани примери на англиска проза во зародиш. Засега се откриени само седум ракописи на Остин. „Вотсонови“, еден од нив, содржи голем број ревизии и корекции.
Но на сајтот janeausten.ac.uk (каде се дигитализирани ракописите на Остин) навлегува во повеќе детали:
Teкстот е напишан и корегиран со кафено мастило. Страниците се исполнети со уреден ракопис, со знаци на поправки, бришења и повремени пасуси на дополнувања...Целосно исполнетите страници покажуваат дека Остин не планирала долг процес на ревизии. Со оглед на тоа што немала доволно големи празни места, и без очигледен начин на вклучување подолги парчиња текст во постоечкиот, таа морала да смисли поинакви стратегии - мали парчиња хартија, секое од нив пополнето со текст, кои биле закачени со шпенагли на точното место каде требало да биде направена поправката
Ова сепак не бил револуционерен пронајдок на Остин. Архивистите во библиотеката наишле на игли употребени како „уреди“ опција во текстови кои датираат уште од 1617. Со малку напор можеби можат да се закачат за монитор.